Поранешен телохранител на Мијалков пукал и ранил човек

Како што информира полицијата вечерва во кратка вербална расправија Драганчо Стоименов, викан Дацо Белски пукал и го повредил Драган Здравев. Инцидентот се случил во кафе барот Аква во Кочани, попладнево околу 17 часот. Откако пукал и го ранил Здравев, Стоименов избегал. Полицијата трага по него.

 Повредено е лицето викано под надимак „Дацо“, кое според информации на 1ТВ  е во критична состојба, со рана на страничниот дел на стомакот.

Стоименов има подолго досие и ѝ е познат на полицијата, а имаше улога на сведок и оштетен во случајот Детонатор, а тогаш беше објавено и дека е телохранител на Сашо Мијалков. Во една престрелка во Скопје пред 5 години, Александар Василевски Нинџа го нападна Стоименов и го рани, но во судскиот процес Нинџа доби минимална затворска казна.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2019 - 20:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега