Поранешен сопруг на тетовка дошол на работа, па предизвикал хаос- расторил роба и го нападнал сопственикот на продавницата со нож

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.С.(28) од тетовско село, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „загрозување на сигурноста“.

На 13.07.2020 во  продажен објект во тетовско село, дошол Д.С., почнал да ја навредува неговата поранешна сопруга, која работела во објектот и растурил прехранбени продукти во продавницата. Тогаш дошол сопственикот на продавницата, заедно со И.А.(59) и започнале вербална расправија со Д.С.

Пријавениот извадил нож и се упатил кон И.А. со намера да го повреди, но не успеал во намерата, по што го напуштил местото на настанот.

Покрај ова, на 17.07.2020 година, Д.С. телефонски му се заканувал на сопственикот на продавницата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.08.2020 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега