Поранешен службеник на ЦИА давал информации на медиумите

Поранешен техничар во ЦИА, 29-годишниот Едвард Сноуден, кој самиот обелодени дека е изворот на информацијата за тајните програми на Владата за следење на комуникациите, која се појави во медиумите, избега во Хонгконг.

Британскиот весник „Гардијан“ објави на својата Интернет страница 12-минутно интервју со Сноуден, дадено од Хонгконг, каде што се наоѓа од 20 мај. Тој самиот барал да се идентификува како извор на информацијата за тајната програма на Владата, според која се следени телефонски и Интернет комуникации со директен пристап до серверите на најмалку девет од најголемите Интернет компании како Гугл, Фејсбук, Скајп и Јутјуб.

Тој одлучил да ги открие во медиумите информациите за следење на комуникациите, затоа што шефовите не обрнувале внимание на неговите предупредувања за нарушување на правото на приватност од страна на НСА, при набљудување на комункациите на приватни лица.

Поранешниот техничар во ЦИА го избрал Хонгконг, каде отседнал во луксузен хотел, поради „силната традиција на слободата говорот“.

 

 

најчитано сега