Поранешен фудбалер на Арсенал осуден на затвор

Суд во Копенхаген денеска го осуди поранешниот фудбалер на Арсенал, Никлас Бендтнер на 50 дена во затвор, поради нанесување физички повреди на таксист во главниот град на Данска на 9 септември оваа година.

Според медиумите во Данска, за докажување на вината на данскиот фудбалер е користена видео снимка, на која се гледа како Бентнер го удира таксистот, при што му ја скршил вилицата.

Сето тоа се случило во возило паркирано пред Народната банка на Данска во Копенхаген.

Бентнер минатиот месец му се извини на таксистот поради се она што се случило, но за судиите тоа не беше доволно.

Триесетгодишниот фудбалер во моментов е член на Розенборг. Неговиот адвокат Андреас Немет најави жалба на пресудата.

Инаку, Бентнер за Арсенал играше во периодот од 2005 до 2014 година, а ги носеше и дресовите на Волфсбург и Нотингем Форест.

За репрезентацијата на Данска има одиграно 81 натпревар и постигнато 30 гола.

 

 

 

02.11.2018 - 21:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега