Поради заразеното дете вод струмичката градинка 11 деца и тројца вработени се во изолација

Околу 20 отсто од вкупниот број на деца, кои се згрижени во шесте клонови на градинката „Детска радост“ од Струмица, денеска не биле донесени од нивните родители откако вчера беше регистриран првиот случај на заразено петгодишно дете со Ковид-19.

Според директорот Васил Бубев, се забележува мало отстуство на децата, но тоа во многу мал дел е предизвикано од вчерашниот случај.

-Можеби има нешто, но по сите анализи ние дојдовме до заклучок дека во периодот во кој се наоѓаме сега, почеток на градинката, како и секоја година кога се почнува, ова е период на прилагодување на самите дечиња и јас мислам дека родителите ги имаат задржано децата дома токму од таа причина дека е период на прилагодување и веројатно, еве, следува викенд, па нашле начин да им бидат децата дома покрај нив, рече Бубев.

Додаде дека по вчерашниот случај 11 деца и тројца вработени се во изолација, но потенцираше дека детето не е заразено во градинката, туку од член на семејството и од понеделникот не доаѓало во градинка.

Тој истакна дека дека градинката продолжува да работи според утврдените протоколи и прописи. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2020 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега