Поради продажба на оружје на Азербејџан: Ерменија го отповика својот амбасадор во Израел

Ерменското Министерство за надворешни работи го отповика својот амбасадор во Израел поради консултации за наводната израелска продажба на оружје на Азербејџан.

 

– Израелскиот начин на работа е неприфатлив. Министерството мора да го отповика својот амбасадор во Израел, изјави портпаролката на ерменското Министерство за надворешни работи.

Според Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ), Израел од 2006 до 2019 година извезол оружје во Азербејџан во вредност од околу 825 милиони долари. Азербејџан купил израелски дронови, митралези, противтенковски ракети и ракетни системи земја-воздух.

Петти ден продолжува судирот помеѓу Ерменија и Азербејџан. Судирот почна на 27 септември, кога азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека ерменската армија гранитирала цели на линијата на разграничување во Нагорно-Карабах.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2020 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа