Поради проблемите помеѓу Русија и САД, можно е да останат без директни летови

 

Русија и САД можно е да останат без директни летови поради проблемите на рускиот екипаж на Аерофлот да добие американска виза, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

- Не можеме да исклучиме дека нашите држави ќе останат без директни летови, бидејќи Аерофлот, која е единствена  авиокомпанија, која има редовно летови меѓу Русија и САД, може да биде принудена да ги прекине, оти екипажот има се поголеми проблеми да добие американска виза, се нведува во соопштението на Министерството.    

Оттаму наведуваат дека официјалниот период на чекање за виза, кој Вашингтон го зголеми на 85 денови минатиот август, сега е продолжен на 250 дена или осум месеци, што ги прави апликациите за виза бесмислени.

 

 

 

20.04.2018 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега