Поради позитивен ученик во изолација цело одделение во „Крсте Мисирков“ во Куманово

 

Првооделенец во Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ во Куманово е позитивно на коронавирус, а како превенција сите негови соученици и наставникот се ставени во самоизолација, пишува порталот „Кумановски муабети“.

Како што информираше директорот на училиштето Александар Јовановиќ, родителот бил тестиран при што добил позитивен резултат за време на продолжениот викенд, а подоцна и учникот.

Јовановиќ апелираше родителите и наставниците да водат грижа и по завршување на наставата.

– Јас немам увид по завршување на наставата каде ќе се движат наставниците и родителите, тоа си е приватен живот меѓутоа опасноста демне и надвор од училиштето, додаде тој.

Ученикот кој е позитивен, како што додаде тој, има благи симптоми, се чувствува добро, но целото одделение и наставникот превентивно мораат од денеска да заминат во изолација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2020 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа