Поради непреземени мерки за заштита, работник загина при работа во шума во пехчевско

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против правно лице од село Црник, пехчевско и 48-годишниот И.М. од село Црник, одговорно лице во правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непреземање на мерки за заштита при работа“ и „повреда на правата од работен однос“.

На 29.04.2020, при изведување на работи во шума на место викано „Рамно Борје“, сопственост на ЈП „Национални Шуми“ - ШПС „Равна Река“ - Пехчево, како последица на непреземените мерки за заштита на работниците при работа и неизвршена обука за вршење на предвидените работи во шума на ангажираните лица од страна на наведното правно и одговорно лице, предизвикана е смрт на В.С.(65) од Пехчево, кој не бил вработен во правниот субјект, но бил ангажиран од одговорното лице да работи за дневница. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2020 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега