Поради неа веруваат дека постои совршенство: Сопругата на славниот пејач го покажа сексипилното тело

Американската манекенка и сопруга на популарниот канадски пејач Џастин Бибер, Хејли Бибер, ја покажала неверојатната фигура во бикини додека уживала со сопругот во природа.

Имено, Хејли го покажала сексапилното тело во минијатурен костим за капење, а во таа прилика ги истакнала долгите нозе и рамниот стомак.

Манекенката во неделата ги „почестила“ своите 29 милиони следбеници на Инстаграм со фотографија на која позира во црно дводелно бикини и бели патики.

„Пријатен викенд“, напишала Хејли откако побегнала од градскиот метеж со својот сопруг Џастин Бибер.

„Не би изгледала вака ни кога би те нацртале“, „Девојко, совршена си“, „Вистина е, совршенство постои“, „Неверојатно тело“, се некои од коментарите на новата објава на оваа убавица.

Хејли во последно време се почесто објавува разголени фотографии на кои го истакнува обликуваниот задник и затегнатите нозе, а многу мажи сметаат дека токму таа е најсексапилната манекенка на денешницата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега