Поради кадровски смени на Клиниката за кардиолигија препукувања меѓу лекарите

 

Немањето на МојТермин и не одењето на утрински состаноци е причината за деградирањето на др. Сашко Кедев кој е разрешен од раководител на одделот за интервентна кардиологија. Директорот на Клиниката Жан Зимбаков кој на оваа позиција е само неколку недели, вели дека е оправдана одлуката за разрешување на Кедев притоа демантирајќи ги неговите ставови дадени во телевизиско интервју за небезбедноста на пациентите во оваа установа, објави Сител.

-Воопшто не е деградиран, тој често отсуствувал и затоа е поставен раководител човек  кој постојано ќе е присутен тука. Сега веќе нема приватизитање на процедури туку интенцијата е да се работи тимски на клиниката. Никој не му го зема неговото знаење, вели др. Жан Зимбаков, директор на Клиника за кардиологија.

Новиот директор на Кардиологија планира тимска работа на клиниката, што не било пракса порано кога не им се давало шанса на лекарите.  Вели нема поместувања во интервентната кардиологија и таму останале истите кардиолози. Доктор Кедев не сака да го коментира образложението на директорот Зимбаков.

-Тоа што го кажаа се административни процедури и за тоа не се прави промена на раководител. Додека тие држеа прес јас во сала успешно  ја изведов најновата револуциенерна метода за кародитно стентирање три во едно кај вториот пациент и во следниот период ќе ја презентираме  во познати светски центри. Мојата одговорност како лекар е и во едукацијата и во водењето на меѓународни проекти, изјави за Сител др. Сашко Кедев

Во телевизиското интервју од пред неколку денови, Кедев кажа дека е деградиран и вратен на позицијата како пред 20 години. Во меѓувреме, со одлука на Влада околу 6 месеци член на УО на Кардиологија е Борче Петровски. Овој кардиолог и е познат на јавноста по злоупотребата со препрдажба на стентови а во 2007 помина и 20 дена во притвор. Во 2014 беше апсен и од косовската полиција за злоупотреба на службена должност и поткуп.

 

 

 

14.03.2018 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа