Поради интервјуто на Хари и Меган кралицата е постојано на „кризни состаноци“

Британската кралица Елизабета втора не престанува да работи на подобрување на репутацијата на своето семејство по интервјуто на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл.

Иако таа, наводно, не го гледала интервјуто, помошниците во Бакингемската палата темелно ја информирале за тврдењата кои Хаи и Меган ги изнесоа во врска со кралското семејство.

-Од интервјуто, кралицата едвај имаше време за себе, зашто постојано е на кризни состаноци, вели извор за британските медиуми.

Открива дека кралицата постојано била со благ став кон Хари и внимавала на него, па веројатно е повредена и шокирана поради интервјуто.

-Се обидува да биде разумна и работите да ги согледа од перцепцијата на Хари, но тешко е да се прифатат наводите кои ги изнесоа принцот и Меган. Интервјуто го „растргна“ кралското семејство, вели изворот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2021 - 23:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа