Поради дожд ситни одрони на повеќе места на патниот правец Делчево – Кочани

Дождот кој го зафати Пијанечкиот регион ги врати одроните на патниот правец Делчево – Кочани. Возачи информираат дека одроните иако се од помал обем сепак се доволни да предизвикаат штета по возилата кои сообраќаат на споменатата локација.

-Апелираме сите кои патуваат преку овој патен правец да внимаваат, бидејки одроните се на повеќе места, почнувајки од Кочани кон Македонска Каменица после Истибања, како и од Македонска Каменица кон Делчево во атарот на селата Илиово и Драмче. Иако се работи за ситни одрони сепак при брзо возење истите можат да предизвикаат проблеми во сообраќајот, велат возачите.

Додаваат дека сообраќајот се одвива по влажни коловози, а дополнителен проблем на возачите покрај дождот им прави и маглата, што според нив е уште една причина учесниците во сообраќајот да возат внимателно.

Од „Македонија пат” посочија дека нивни екипи редовно го контролираат теренот и онаму каде има појава на одрони се реагира согласно можностите за работа во вечерни услови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 20:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега