Поради долг на нејзиниот син нападната скопјанка во нејзиниот двор

Скопјанка била нападната од две лица во својот двор. Според информациите од МВР најверојатно причината е недосразбирање околу должничко-доверителски односи на нејзиниот син. Инцидентот се случил вчера.

-Вчера во 18.00 часот во Полициска станица Гази Баба, П.Т.(66) од Скопје пријавил дека во 15.20 часот во нивниот двор со неговата сопруга биле физички нападнати од две лица, кои употребиле тврди предмети, откако претходно го оштетиле паркираното возило „алфа“, сопственост на нивниот син.  Според пријавеното, најверојатна причина е недоразбирање околу должничко-доверителски односи со нивните синови, велат од полицијата.

 Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2021 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега