Поради дефект дел од жителите во Аеродром без вода

 Од ЈП Водовод и Канализација денеска известуваат дека поради уличен дефект од Ф – 150 мм на бул. Кузман Јосифовски Питу бб – кај ТЦ Скопјанка во населба Аеродром ќе има прекин на водоснабдувањето.

Прекинот ќе биде во периодот од 9:00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од бул. Кузман Јосифовски Питу од бр.17 до трафиката пред ТЦ.Скопјанка, како и корисниците од улиците Бојмија и 23 – ти Октомври.

По отстранување на дефектот ЈП Водовод и Канализација ќе ги информира граѓаните за надминување на проблемот.

02.08.2022 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега