Популарниот пејач почина на 46-годишна возраст: „Замина еден од најголемите гласови“

 

Популарниот кантри пејач Дерил Синглетери изненадно почина во својот дом во Нешвил. Почина на 46 години, а тажната вест ја потврдил неговиот менаџер.

„Со голема тага известувам дека гласините за смртта на Дерил за жал, се точни. Потврдата ја добивме од менаџерот Чак Лобер. Замина еден од најголемите кантри гласови“ - напиша на Твитер радио-водителот Диџеј Сторм Ворен.

Дерил зад себе остави неутешна спруга, четири деца, но и бројни обожаватели кои од Дерил се збогуваа на друштвените мрежи.

 

 

 

13.02.2018 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа