Популарната актерка се омажи во тајност: После 4 години љубов, Сандра кажа „ДА“

Магазинот Лајфстајл пишува дека славната актерка Сандра Булок се омажила во тајност.

Холивудската глумица е во врска со моделот и фотограф Брајан Рендал, а врската наводно ја крунисале со брак.

-Имаа тајна церемонија, само нив двајца и нејзините посвоени деца. Немаше големо славје, деверуши и планери на венчањето. Така сакала Сандра, едноставна церемонија со луѓе кои и се важни, Брајан, нејзината ќерка Лајла и синот Луис, изјави неименуван извор за овој магазин.

Актерката не сакал да се говори за венчавката во јавност и нема да носи венчален прстен затоа што не сака луѓето да прават компарации на новиот со стариот брак. Имено Сандра беше мажена за Џеси Џејмс кој ја изневери со две децении помладата Мишел по што глумицата го остави.

Сандра го запознала Брајан кога го ангажирала за фотограф при прославата на 5. роденден на нејзиниот син Луис. Заедно се веќе 4 години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2019 - 16:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега