Популарната Адел повеќе не е „буцка“- по разводот пејачката буквално се преполови (фото)

Популарната Адел повеќе не е буцка туку сериозна сексапилна убавица. Адел (31) по разводот од сопругот Сајмон Конецкиј (45), едвај личи на себе од пред неколку месеци затоа што се “преполовила“.

 

Фотографијата настанала во текот на турнејата на популарните „Spice Girls“, без Викторија Бекам, на стадионот „Wembly“ во Лондон.

Адел со музичката група која ја обожува, позирала во обична црна маичка, шарени панталони, со совршено уредна коса, а линијата на телото - неверојатна!

„Адел се раздели од партнерот, но приоритетот им е одгледувањето на нивниот син Ејнџел“ - изјавила портпаролката на Адел.

Предбрачни договор помеѓу овој пар не постои, а со оглед на тоа дека Адел е “тешка“ над 80 милиони долари, нема сомнеж дека ја чека сериозна борба за недвижнините и богатството.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.06.2019 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега