Популарна актерка од „Закон и ред“ се удави во река

Актерката Мери Мара, најпознатата по улогите во телевизиските серии „Закон и ред“, „Редј Донован“ и други почина на 62-годишна возраст.

Според соопштението на полицијата од Њујорк, нејзиното тело било пронајдено во река во Кејп Винсент.

„Телото на Мери е пронајдено во нејзината омилена река. Се удавила додека пливала“, соопштија од полицијата.

Обдукцијата ќе покаже како точно актерката го загубила животот.

28.06.2022 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа