Поповски: Имам повредена сопруга и неподвижна мајка, нема каде да бегам

 

Друга алтернативна држава немам освен оваа. Мојата сопруга е повредена, повредата која јас и ја нансесов е несреќен случај и предизвика тешка операција кај неа. Движењето и е ограничено и трпи болки. Имам еден син кој живее и се школува овде, и имам стара неподвижна мајка која пред еден месец живееше со мене меѓутоа веќе во неможност ниту јас ниту сопругата заради и здравствените проблеми и психичката состојба во која се наоѓаме, не можеме да и ја пружиме адекватната помош.

Ова денеска го изјави Ѓоко Поповски за кој Фатиме Фетаи побара притвор за да не избега пред затворската казна, пренесе Фокус.

Судот се повлече на пауза од 40 минути да се произнесе за барањето на Фетаи.

 

 

 

22.05.2018 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега