Попов: Клептоманската СДСМ фалсификуваше избори, се подготвува да фалсификува и попис

СДСМ клептоманска и криминална е партијата која што на криминален начин и со фалсификати ги спроведува изборите и водени од таквото искуство се сомневаме дека ќе спроведе и фалсификуван попис. Законот за попис кој што на насилен начин го носи власта говори дека се работи за политичка, а не статистичка операција. Далеку поразвиени и подемократски земји ги одложуваат планираните пописи, ама затоа Заев среде епидемија без јасна методологија и без почитување на стандарди сака да спроведе попис, затоа што тоа е резултат на политички договор, изјави денес за медиумите, Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во јавноста веќе на големо се шпекулира со процентите на етничките заедници во Македонија што покажува дека пописот е со однапред договорени бројки и само останува јавноста да дознае колку тие ќе отстапуваат од реалноста. Ваквиот насилен попис по стандарди на Заев е на штета на Македонија и на сите етнички заедници кои живеат во неа. Планот за попишување само со диктирање на матични броеви и со врзан политички потпис, во никој случај нема да гарантира реална статистичка слика на населението кое живее во државата, што е суштината на секој попис спроведен според европските стандарди, вели тој.

– Ваквиот закон за попис без општествен консензус е гаранција за поларизирање на граѓаните и несогледливи последици за државата. Доколку СДСМ го изгласа законот на сила, ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе отпочнеме собирање потписи од граѓаните за да го поништиме овој закон и да донесеме сите заедно нов закон, додаде Попов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2021 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега