Поплавите во Франција земаа уште една жртва - старица се удави во надојдената вода

Жена на околу 70 години се удавила синоќа во река во југозападна Франција каде беше поплавена и познатата пештера во Лурд и беа евакуирани речиси 2000 луѓе од тој регион. 

Ова се најтешки поплави во тој регион во изминатите 30 години. 

Силни бури најавија метеоролозите за Париз, каде е објавено портокалово ниво на опасност, јавуваат француски медиуми. 

најчитано сега