Поплави во Албанија- војската евакуираше бројни домаќинства

Околу 200 приватни куќи во општината Скадар се поплавени поради обилните дождови кои предизвикаа излевање на реките од коритата, а војската на Албанија евакуираше бројни домаќинства.

Како што пренесува "Albania Daily News", голем број на куќи во општина Скадар останале без електрична енергија и вода за пиење и се отсечени од светот, а одредени патишта може да се пројдат само со чамец.

Општината побара од владата да прогласи вонредна ситуација во најзагрозените делови.

Ситуацијата е критична и во општина Валона каде поплавите направија голем сообраќаен хаос.

Слична е и ситуацијата во пристаништето Драч каде што е стопиран сообраќајот на малите и средни пловила.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2021 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа