Поплави, грмотевици и реки по улиците - Што не чека по силното невреме

Силно невреме вчера попладне беснееше во Скопје, а невреме имаше и во другите делови на земјава. Во Кисела Вода има и поплави, особено кај Тефериџ и Цементарница Усје, додека поплави има и во Неготино од поројниот дожд.

И денеска слично време, сонце па невреме.

Од друга страна, Пораст на дневните температури, кои викендов ќе достигнат до 37 степени и сончево и топло време, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, со услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Утре во попладневните часови ќе се задржи нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град. Утринските темератури ќе се движат од 12 до 20 степени, а дневните од 27 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува осум.

Најтопло ќе биде за викендот, со утрински температури од 12 до 21 степен, а дневните од 28 до 37 степени.

Од недела попладне и во следните денови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе опадне за неколку степени. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.06.2019 - 08:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа