Пописот завршува вечерва во 20 часот

Денес е последниот ден од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија, 2021. Долгоочекуваната статистичка операција која во државава се очекуваше речиси 20 години финишира и во тек се последните теренски проверки за попишување на оние домаќинства кои од разни причини не биле опфатени досега.

„Во поголемиот дел од општините низ државата теренските активности се завршени и таму се одвиваат технички активности на раздолжување на попишувачите. Во одредени средини, попишувачите се на терен и се уште посетуваат домаќинства за никој на да не биде испуштен. Ова се изолирани случаи во кои попишувачот не успеал да оствари контакт со граѓаните и да ги попише и затоа Државниот завод за статистика апелира до сите граѓани кои се сè уште непопишани, да ги посетат пунктовите во своите општини и да се попишат. Исто така, и во зградата на Државниот завод за статистика, на ул.Даме Груев бр.4, постои пункт каде што можат да се попишат лица од целата територија на град Скопје“-велат во соопштение надлежните од ДЗС.

Вечерва во 20 часот ќе биде затворена апликацијата за попишување во земјата, но и апликацијата за самопопишување на дијаспората.

„Остануваат уште неколку часа во кои ќе одвиваат последните проверки на теренот и во 20 часот ќе можеме да објавиме дека конечно, после 20 години, Државниот завод за статистика успешно ја реализираше најголемата статистичка операција“-додаваат во соопштението.

30.09.2021 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега