Понеделник е неработен ден - ЈСП со важно известување за граѓаните

Во понеделник (9.12.2019 година) кој е неработен ден поради државниот празник 8 Декември („Св.Климент Охридски“), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, информираат од ЈСП-Скопје.

Жичарницата на Водно ќе работи со вообичаено работно време за овој период од годината, односно од 10 до 17 часот. Последното возење од доле нагоре ќе биде во 16-16.30 часот, а последно возење од горе надоле ќе биде во 16.45 часот.

Дежурни ќе бидат три билетарници:
Транспортен центар 7-19.30 часот
Зелено пазарче 7-19.30 часот
Ѓорче Петров 7-13 часот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега