Освен за возачите, казни има и за пешаците кои минуваат каде ќе стигнат, а не на обележан пешачки премин, но и не ги почитуваат семафорите. Тука се и санкциите за оние кои минуваат со телефон на уво или слушалки. 

Во периодот од (24/27.11.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2450 издадени платни налози, 454 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. 

– Според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 811 прекршоци за непрописно паркирање, 265 мерки се изречени за возачи кои управувале возило без возачка дозвола, девет санкции за минување на црвено светло, изречени се 33 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, како и 15 санкции за возење под дејство на алкохол, информираа од полицијата. 

Exit mobile version