Поминаа 20 години од „Beverly Hills“, а за него како времето да запрело – никој не верува дека се ближи кон 60-та година од животот

Иан Зиринг бил една од ѕвездите на легендарната серија „Beverly Hills, 90210“, a по 20 години од емитувањето како воопшто да не остарел.

Американскиот актер се прославил со улогата на младиот и шармантен Стив Сандерс во култната серија, со која што пораснаа тинејџерите ширум светот.

Од завршувањето на нејзиното снимање поминаа цели 20 години, а екипата секако дека се собрала повторно за да ги сними нејзините продолженија, но за некои од актерите како времето да запрело.

Токму 56-годишниот Иан е меѓу нив, а неговиот заштитен знак – русата коса сè уште е дел од него и речиси нема ниту една брчка на лицето, а сите се прашуваат како сето тоа му успева.

Една од ѕвездите е и Мишел Карен која што го угостила Иан во нејзиното шоу.

„Не можам да верувам дека имаш 56 години, изгледаш фантастично“ – коментирала таа.

„Благодарам душо. И ти исто. Кога си млад можеш да се пофалиш дека имаш кожа со која си се родил, а кога ќе остариш онаква кожа каква што заслужуваш“ – изјавил Иан.

За неговиот изглед сигурно допринесува некој од козметичките производи од неговата компанија „MLM“ која што ја дели со колешката од серијата Тори Спелинг и уште неколку партнери, а која што е наменета за производство на козметички производи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.06.2020 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега