Полувреме без голови - Пандев имаше можност за водство на Македонија

Полувреме без голови во финалето од Лига на нации меѓу Грузија и Македонија на „Динамо арена“ во Тбилиси кои носи пласман на Европското првенство .Грузија и Македонија играат борбен натпревар, без премногу сериозни шанси и по првите 45 минути мрежите на стадионот „Борис Паичадѕе“ мируваат (0-0).

Македонските репрезентативци одиграа резервирано прво полувреме во кое единствената шанса за гол ја имаше капитенот Горан Пандев во 35. минута, откако претходно домашните имаа две убави можности.

Првиот обид на Грузија беше во 27. минута, ама Димитриевски беше поставен на вистинското место, додека вториот во 29. минута профуче веднаш над пречката на македонскиот гол. Македонија ја имаше најдобрата шанса, преку Горан Пандев, кога во 35. минута биеше со глава, ама Лориа со глава изби во корнер и спаси чист гол.

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2020 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега