Полуматурантите кои сакаат да се запишат во Орце се спасија од приемен испит

Учениците кои конкурираат за упис во средно образование, во скопската гимназија „Орце Николов“ нема да полагаат приемен испит, туку сите ќе бидат распределени во деветте постоечки паралелки.

- „Сите одлични ученици кои сакаат да се запишат во гимназијата „Орце Николов“ ќе бидат примени без дополнително полагање приемен испит и ќе бидат распределени во деветте паралелки“, вели министерот Арбер Адеми за „Независен весник“.

Полуматурантите не сакаа да се откажат од нивната одлука да бидат запишани во гимназијата, затоа што  училиштето нуди квалитетно образование и е во близина на нивното место на живеење иако имаше 404 пријави, а во училиштето со конкурсот предвидено е да се запишат 285 ученици во девет паралелки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.06.2019 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега