Полски тинејџер го нарекол принцот Хари предавник на расата: Неонацист повикал на убиство на Војводата од Сасекс, а сега го стигнала и казната

Тинејџерот, припадник на неонацистичка група, кој британскиот принц Хари го нарекол предавник на расата откако се оженил со американската актерка Меган Маркл и сугерирал дека треба да се убие, е осуден на повеќе од 4 години затвор, јавува BBC.

19-годишниот Михаил Севчук објавил фотографија со Хари, војводата од Сасекс, како му држи пиштол вперен во главата со текст - "Се гледаме подоцна, предавнику на расата". Фотографијата ја објавил неколку месеци пред венчавката со Меган, чија мајка е афроамериканка. 

Севчук и ко-обвинетиот Оскар Дун Козоровски, двајцата од полска националност, ја признале вината за поттикнување на тероризам.

"Дун Козоровски и Севчук очигледно се сметаат за супериорни во однос на остатокот од општеството и веруваат дека е нивна должност да ги изразат своите уверувања и да ги учат другите", рекол Мартин Сноуден, детектив и лидер на противтерористчката полиција во североисточна Англија.

"Многу материјали кои ги објавиле на социјалните мрежи не само што ги одразуваат нивните екстремистички уверувања, туку поттикнуваат и други да изведуваат еднакво лоши дела", додал тој. Севчук е осуден на четири години и три месеци, додека Дун Козоровски добил 18 месеци.

 

Тие меѓу другото, на своите објави на интернет ги поддржувале и норвешкиот екстремно десен убиец Андерс Брејвик и неонацистичката група Соненкриг Дивижн.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2019 - 19:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега