Полски борбени авиони пресретнаа, визуелно идентификуваа и следеа руски извидувачки авион кој леташе над Балтичкото Море во близина на границата на полскиот воздушен простор, соопшти денес Оперативната команда на полските вооружени сили.

„Наутро, над меѓународните води на Балтичкото Море, полски борбени авиони пресретнаа, визуелно идентификуваа и следеа од нивната зона на одговорност руски извидувачки авион кој леташе во близина на границата на полскиот воздушен простор“, се вели во соопштението објавено на платформата X, објави Ведомости.

Како што е објавено, објектите влегле и во полскиот воздушен простор од правец на Белорусија во текот на ноќта.

„По детална анализа, беше утврдено дека најверојатно станува збор за шверцувани балони, кои се движеа во насока и брзина на ветерот. Летот на сите објекти беше континуирано следен со радарски системи“, објави Оперативната команда на полските вооружени сили.

Од безбедносни причини, дел од воздушниот простор над Подлаското Војводство беше привремено затворен за цивилен сообраќај синоќа.

„Оперативната команда на вооружените сили останува во постојан контакт со надлежните служби, спроведува континуирана размена на информации и ги обезбедува потребните податоци во врска со набљудуваните објекти. Не е идентификувана никаква закана за безбедноста на полскиот воздушен простор“, се вели во соопштението.

Exit mobile version