Полска: При блокада на парите, а ЕК нè притисне, ќе го извлечеме оружјето од арсеналот

Полска ќе ѝ одговори на Европската Унија (ЕУ), доколку не ѝ се исплатат наменетите средства за закрепнување од пандемијата, истакнаа денеска владејачките полски политичари, откако Брисел сигнализираше дека не е задоволен со најновите правосудни реформи на Варшава.

Над 35 милијарди евра се ставени на чекање поради спорот меѓу Брисел и Варшава околу правосудните реформи, за што ЕУ тврди дека ги кршат демократските стандарди.

Во јули Европската комисија одобри средства за Полска, но, претседателката Урсула фон дер Лајен при посетата на земјата изјави оти треба да се работи уште на владеењето на правото.

Владејачката партија Право и правда објави оти целта на реформите на правосудството е да го направи системот поефикасен, негирајќи дека се меша во судовите од политички причини.

– Доколку има обид за блокирање на исплатата, а ЕК се обиде да ни изврши притисок, ќе немаме друг избор освен да го извлечеме целото оружје од нашиот арсенал и да одговориме со бараж, за полско радио нагласи генералниот секретар на Право и правда, Кристоф Соболевски.

Тој не прецизираше на што мисли конкретно.

Одбивањето на Варшава да ги прифати европските барања околу правосудството, ги поттикна критиките на опозицијата дека Право и правда всушност сака да ја повлече Полска од ЕУ, што беше отфрлено од Владата.

09.08.2022 - 23:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега