Положани: Охридскиот договор носи стабилност, мир и прогрес

Мирот, прогресот, достигнувањата почнуваат од Охридскиот договор, изјави ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза” Скопје, Азис Положани, на теркалезната маса по повод одбележување на 20-годишнината на Охридскиот договор. Тој истакана дека овој договор бил испровоциран од одбивањето на тогашната политичка класа за градење на еден устав кој ќе ги рефлектираше и хармонизираше правата на заедниците.

– Со уставот од 1991 правата што ги имавме со уставот од 1974 веќе ги немавме и во моментот кога сите народи од демократијата очекуваа слобода и афирмација на нивните права, ние во Македонија го чуствувавме како негово стеснување. Не може еден народ кој е една третина во Македонија и другите заедници да ја доживееат демократијата, плурализмот како казна затоа што ги имаме изгубено правата, рече ректорот Положани, кој е еден од потписниците на Охридскиот договор.

Меѓународната заедница според Положани, во однос на Охридскиот договор немал пристап на фаворизирање на албанците или македонците, туку тие како што истакна сакале стабилна Македонија, односно ги сакале сите што живеле во државата.

– Стабилноста на Македонија тие најдобро знаеја дека тоа може да се постигне преку соодветни решенија во уставот кој што ќе ги прави среќни сите народи што живеаат тука и тоа се гледаше во секој момент и во процесот на потпишување на Охрдискиот договор и во процесот на имплементацијата, рече Положани.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби кажа дека еден од главните столбови на Охридскиот договор беше високото образование кое почна со легализација на Државниот универзитет на Тетово.

– Видете ги сите пречки за легализација на една високо-образовна институција на албанците во Северна Македонија, и видете ја леснотијата на формирање на еден друг универзитет во албанците, државен како што е „Мајка Тереза“, тука во Скопје, рече Груби, кој посочи дека овој универзитет е еволуција сама по себе на Охридскиот договор.

Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје, посочи Груби, беше формиран без ниту една забелешка, критика или противање во Собранието, туку на најдобар и најмирен начин.

– Овој универзитет денес функционира, секој ден станува посилен, се труди да ги достигне академските врвови што треба да го поддржиме и ние. Но, процесот не е завршен, затоа што наша должност како Влада е да го заокружиме процесот со достоинствен објект кој го заслужува овој универзитет, рече Груби.

04.08.2021 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега