Полни раце работа за полициските службеници – вчера приведени над 100 лица

При вчерашниот полициски час, кој беше подолг за пет часа од вообичаено, 263 лица не ја почитувале оваа мерка.

-Полициските службеници привеле 102 лица, 46 лица биле опоменати, a за останатите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО. Во текот на вчерашниот ден на 180 лица им се издадени решенија за изолација, додека 98 лица потпишале изјави за самоизолација. Исто така, од страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што било евидентирано дека три лица не ги  почитувале овие мерки, односно не биле пронајдени во својот дом, велат од МВР.

По однос на проверка на објекти во изминатите 24 часа извршени се вкупно 289 контроли и во три случаи е констатирано непочитување на мерките.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2020 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега