Политичар среде онлајн состанок се сврте и почна да ја допира асистентката по задникот (ВИДЕО)

Скандал го тресе Азербејџан - политичарот Хусејнабала Мирелемовун е фатен во кадар за време на видео-состанок, како опуштено се врти кон асистентката во кабинетот, ја гледа во задникот, а потоа почнува да ја допира.

Снимката која го згрозила Азербејџан е уште полоша поради фактот што девојката е пријателка на неговата сопруга и токму таа ја вработила.

На снимката се гледа како жената по инцидентот му се смешка на Хусејнбала, а потоа се врти кон лап-топот, заклучувајќи дека се се видело, па со грч на лицето се поместува од кадарот.

Гледајќи што се случило и колкава е моќта на социјалните мрежи денес, Хусејнбала прво изјавил дека снимката е чиста лага односно монтажа, а потоа се премислил па во текот на денот порачал дека само се шегувал, како и дека не е луд да ја изневерува сопругата со нејзината пријателка, посебно не пред камери.

Хусејнбала кон владејачката партија Нов Азербејџан се приклучил во далечната 1992-та година, а од 2008-ма година ја врши должноста претседател на партијата за округот Катаи.

Во повеќе наврати бил избран во Националното собрание, а на последниот конгрес е вброен во Советот на ветерани. Со самото тоа, одамна му е познат на народот, но не и како сексуален предатор.

Владејачката партија најавила дека на следниот состанок ќе се зборува за овој скандал и најверојатно ќе го смени човекот од сите позиции во партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2021 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега