Полициско „Поло“ и „Пежо“ се судрија во Скопје - четири лица пренесени на Клиника

 

Четири лица се здобиле со повреди при судир меѓу полициско возило и автомобил во Скопје, информира МВР. Според она што го соопшти полицијата, вчера во 19:30 часот на раскрсницата од булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Васко Карангелевски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Поло“ сопственост на МВР, а управувано од 28-годишниот М.Г. и патничко моторно возило „Пежо“ со скопски регистерски таблици управувано од 37-годишниот Г.С. од Скопје. Во незгодата со повреди се здобиле возачите и сопатниците од двете возила и истите со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им е пружена медицинска помош. Од страна на увидна екипа од СВР Скопје извршен е увид на местото на настанот а за незгодата известен е Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди кој превзема мерки од нивна надлежност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега