Полицискиот генерал Јовановски ќе дојде на местото на Лазо Велковски во БЈБ?

Кој ќе го заземе местото на директорот на Бирото за јавна безбедност, откако сегашниот директор Лазо Велковски најверојатно ќе биде разрешен, на владината седница утре, по скандалот со службеното возило видено во Грција.

Иако сѐ уште нема официјални информации дали заедно со предлогот за разрешување ќе биде поднесен и предлог за именување на нов директор, сепак во јавноста се шпекулира дека најголеми шанси за прв човек на БЈБ да биде именуван има пензионираниот полициски генерал Зоран Јовановски-Челик, објави „Вечер“. 

Извори од МВР велат дека Јовановски е избор на министерот Оливер Спасовски, поради тоа што важи за голем професионалец и целиот работен век го поминал во безбедносните служби, а бил и во специјалните единици. Во неговата професионална кариера извршувал голем број на раководни задачи, беше прв човек на униформираниот дел на полицијата, а пред да се пензионира во 2017 година бил началник на Единицата за известување и командување. Јовановски учествувал во воениот конфликт во 2001 година и бил ранет во Ваксинце. Јовановски ужива голем углед во полициските кругови.

Велковски во своја одбрана во врска со џипот виден во Грција потенцирал дека ангажирањето на службеното возило го направил од крајна нужност, поради тоа што подолго време постоеле закани кон него и неговото семејство, а од причина што истиот ден тој бил работно ангажиран во врска со прославата на 2 Август и заради нарушувањата на јавниот ред и мир во текот на прославата на Мечкин Камен, како и настани кои претходеле, проценил дека е небезбедно неговата ќерка да патува сама.

 

 

 

 

 

12.08.2018 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега