Полицискиот билтен преполн со физички пресметки и напади- неколку се врз жени

Во изминатите 24 часа полицискиот билтен преполн со физички пресметки и напади, од кои неколку се врз жени.

Македонската полиција соопштува дека во Скопје, Куманово, Гостивар, Велес и Кавадарци физички биле нападнати неколку лица кои завршиле со повреди.

„На 19.09.2020 во 00.05 часот во Полициска станица Тетово, Ж.С.(22) од Тетово пријавил дека на 18.09.2020 околу 23.00 часот во парк позади црква „Св.Никола“  во Тетово, додека бил заедно со И.Д. и П.С., двајцата од Тетово, бил физички нападнат со тврд предмет од две непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 На 17.09.2020 во 17.00 часот во СВР Скопје, К.М.(44) од с.Марино, скопско, пријавила дека во 15.45 часот во угостителски објект на ул.„Симеон Кавракиров“ во Скопје била физички нападната од А.Ч. 

На 18.09.2020 во 16.50 часот во СВР Скопје, В.М.(29) од Скопје пријавила дека во 16.15 часот на ул.„Никола Киров Мајски“ била физички нападната од непознато лице. 

На 19.09.2020 во 01.10 часот во СВР Скопје, Д.П.(23) од Куманово пријавил дека околу 00.05 часот на ул.„Кеј Димитар Влахов“, во близина на МКЦ, бил физички нападнат од три непознати лица. 

На 18.09.2020 околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во пералница во трговски центар на ул.„Македонско-косовска бригада“ во Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.Х.(65) и А.С.(23), и двајцата од Скопје.

На 18.09.2020 во 18.50 часот во Полициско одделение Ропотово, Л.Ф.(45) од с.Пешталево пријавила дека околу 18.00 часот на спортско игралиште во с.Пешталево нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Л.М. од с.Пешталево.

На 18.09.2020 во 14.45 часот во СВР Велес, С.И.(38) од Велес пријавила дека околу 14.00 часот на ул.„Панко Брашнаров“ нејзината малолетна ќерка била физички нападната од Т.П. 

На 18.09.2020 во 00.50 часот во Полициска станица Кавадарци, Е.М.(22) од Кавадарци пријавила дека на 17.09.2020 околу 23.00 часот во угостителски објект во Кавадарци била физички нападната од З.С. “ стои во полицискиот билтен.

Полицијата превзема мерки за расчистување на сите случаи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2020 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега