Полициски возила во колони пристигнуваат во Белград, се очекуваат нови протести (ВИДЕО)

По протестот на граѓаните што избувна на улиците во Белград во вторникот вечерта поради најавата дека повторно ќе биде воведен полициски час, српската престолнина денеска е под полициска опсада.

Дел од полициските сили веќе е распореден пред зградата на парламентот, во очекување на денешниот протест.

Српските медиуми објавија видео од корисник на Твитер што снимил конвој возила на Министерството за внатрешни работи на автопатот кон Белград. За вечерва е најавен нов протест.

Пред самата зграда на Претседателството има многу полицајци во цивил.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денес во обраќањето до граѓаните изјави дека премиерката Ана Брнабиќ и министерот за здравство Златибор Лончар утре ќе ги донесат новите мерки, кои веројатно нема да вклучуваат полициски час.

08.07.2020 - 18:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега