Полициски службеник заработи кривична пријава поради бруталноста во Битола

Одделот за внатрешна контрола во МВР до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против П.Г., полициски службеник во ПС Битола, поради основи за сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на служба“, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Против истиот полицаец покрената е дисциплинска постапка и е суспендиран од работното место. Дисциплинска постапка и суспензија доби и службеникот К.Г. кој бил сведок, но не сторил ништо за да го запре насилието.

-Нема да дозволиме дури и вакви изолирани случаи да помине без соодветна казна, рече Спасовски.

Сепак, тој вели дека се почесто и полициските службеници се мета на напади.

-Очигледно е дека зголеменото присуство на полицијата на терен и јасната порака дека влегуваме во пресметка со криминалот предизвикува реакција кај криминалците. Таков е случајот со дрвокрадците во велешко кои вчера нападнаа петмина полициски службеници, од кои еден наш колега со тешки телесни повреди е во Клинички центар во Скопје, рече Спасовски, додавајќи дека заедно со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски го посетиле во текот на денот.

Рече дека секој што ќе нападне полициски службеник ќе се соочи со законот.

 

Заедно со директорот на БЈБ Сашо Тасевски го посетивме нашиот колега во клиничкиот центар во Скопје и се надеваме дека...

Posted by Oliver Spasovski on Friday, 25 September 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2020 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега