Полициски службеник прегазен во Кисела Вода откако се обидел да запре возило кое се движело пребрзо

Полициски службеник е тешко повреден откако доцна синоќа бил прегазен во скопска Кисела Вода кога се обидел да го сопре поради брзо возење.

Полицаецот дал знак на возило кое се движело со поголема брзина од дозволеното, но наместо да застане, возачот продолжил со истата брзина при што го прегазил службеникот.

Од МВР велат дека тој е пренесен на Клинички, а фатени и уапсени се возачот на возилото и сопатникот.

„Полициски службеници ги лишиле од слобода А.Д.(19) и К.М.(21), двајцата од Скопје, затоа што околу 01.00 часот на бул.„Борис Трајковски“ со возило „цитроен берлинго“, кое го управувал А.Д., а сопатник бил К.М., удриле и повредиле полициски службеник кој извршувал службени дејствија во областа на сообраќајот (мерење со радар), по што побегнале од местото. По преземени мерки тие биле пронајдени и приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.09.2020 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега