Во засилени полициски активности на подрачјето на СВР Тетово и ОВР Гостивар, во текот на вчерашниот ден и ноќеска се приведени повеќе лица кај кои била пронајдена дрога. Синоќа, половина час пред полноќ, гостиварската полиција на улицата „Илинденска“ запрела возило „сузуки витара“, управувано од 37-годишниот Г.М. При претресот, кај него и кај двајцата сопатници Ф.Џ. (35) и Ф.А. (31), сите од Гостивар, бил пронајден и одземен кокаин.
Кокаин бил пронајден и претходно истиот ден, околу 18:00 часот, кај 35-годишниот Ф.И. од село Вруток, кој бил лишен од слобода на улицата „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар. Серијата апсења продолжила и ноќеска во 02:00 часот по полноќ во тетовско Боговиње, каде полициски службеници од ПО Камењане го привеле 22-годишниот Ј.М. бидејќи кај него била пронајдена марихуана. Против сите приведени ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

