Полицијата заедно со претставници на ЈСП Скопје делеа маски на автобуската постојка кај мостот „Влајко“

 

Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈСП Скопје денеска во скопската населба Влае односно на автобуската постојка кај мостот „Влајко“, реализираа превентивни активнсоти во насока на поуспешна превенција во справувањето со актуелната пандемија од Ковид – 19, објави на својот фб профил министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

– Заедно со полициски службеници од ПС Карпош беа делени заштитни маски на лица кои беа затекнати без нив, со кусо информирање на граѓаните за оваа заштитна мерка донесена во рамки на владините уредби и одлуки за справување со коронавирусот, напиша министерот Чулев.

Превентивните активности, подвлекува тој, имаат за цел подигнување на јавната свест, а целокуппната кампања има едукативен карактер и тие че траат се додека се на сила мерките и одлуките на Владата по однос на справувањето со епидемијата од Ковид – 19.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.06.2020 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа