Полицијата во Гостивар приведе дилери на дрога од Албанија

Полицијата при преглед на двајца албански државјани вчера на улица „Боге Велјановски“ во Гостивар пронашла торба со два килограми марихуана.

При обид за нивно легитимирање, албанските државјани физички ги нападнале полициски службеници, спречувајќи ги во вршење на службени дејства.

– Од страна на полициските службеници бил лишен од слобода С.Џ.(21) од Пешкопеја, Р.Албанија, додека М.А.(19), исто така од Р.Албанија, се дал во бегство. По засилени мерки и активности преземени од полицски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, во соработка со СВР Тетово и СВР Охрид бил пронајден и лишен од слобода и М.А., а дополнително била пронајдена уште една полиетиленска ќеса со марихуана, информираат од МВР.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против двајцата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.11.2020 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа