Полицијата во Битола и Прилеп казни 90 мотоциклисти

Полициски службеници од СВР Битола имаа засилена акција вчера од 18.00 до 23.00 часот, при што беа казнети 90 возачи на мотоцикли.

За време на контролата констатирани и законски санкционирани се 90 прекршоци, од кои 50 на територија на Прилеп и 40 на територија на Битола.

Исто така, во периодот од 23.00 до 02.00 часот, на подрачјето на Битола била  спроведена акциска контрола за управување возило под дејство на алкохол. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се 5 прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопштија од полицијата.

14.05.2022 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега