Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 21 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 14 управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.С.(18), А.Б.(20) и Е.М.(21) од скопско, Б.Ф.(24), А.Ч.(19) и Е.Ј.(28) од Скопје, Т.Т.(62) од Велес, Б.А.(36) од с.Мелница, општина Чашка, А.Ш.(26) од Битола, А.С.(18) од битолско, Х.Р.(18) од Охрид, Н.М.(44) од валандовско, А.И.(28) од тетовско и Ф.Ј.(24) од Тетово. Од слобода се лишени С.К.(54) од Скопје, Т.С.(68) од радовишко и Д.С.(41) од тетовско бидејќи возел под дејство на алкохол, соопшти МВР.

„Додека, поради управување возило за време на активна забрана од слобода се лишени Д.С.(32) од Кичево, С.М.(32) и Г.П.(42) од Скопје и С.Т.(55) од Кавадарци.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, велат од МВР.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Exit mobile version