Полицијата во акција: Малолетници фатени во угостителски објекти по полноќ, полицајците ги предале децата на родителите
На 25/26.11.2022 година, во времето од 23.00 часот до 03.00 часот,од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција и од униформираната полиција при СВР Битола, по претходно изготвен план, спроведена e акциска контрола во шест угостителски објекти во Битола. При контролата, во четири угостителски објекти затекнати се седум малолетници подоцна од 24 часот. Малолетниците се предадени на родителите, а по документирање на случаите ќе бида поднесени соодветни поднесоци.
26.11.2022 - 13:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа