Полицијата во акција- „летаа“ казни во Скопје

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на преземени мерки и активности од сообраќај се исклучени еден пијан возач, двајца возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и едно возило бидејќи било нерегистрирано.

Санкциониран е и еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, соопшти денеска МВР.

Во однос на пешаците санкционирани се 23 пешаци.

Во текот на изминатиот ден 59 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2020 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега