Полицијата влезе во два угостителски објекти во Тетово
Полицијата во Тетово вчера удри по локалите и поднесе подесоци против двајца сопственици.
Во периодот од полноќ до 01.15 часот во Тетово била спроведена акциска контрола во угостителски објекти, при што е констатирано дека во два угостителски објекта, на улицата „ЈНА“ и улица „Благој Тоска“ во Тетово, бил нарушен јавниот ред и мир со пуштање на музика над дозволеното.
Против сопствениците на објектите се поднесени соодветни поднесоци.
17.11.2019 - 11:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа